Wednesday, September 30, 2015
Мајмун
Мајмун е име за неколку различни животински видови од редот примати, кој спаѓа во класата на цицачи. Тоа не е систематски термин. Редот на приматите може да се подели во две групи: во првата се вбројуваат сите полумајмуни(Prosimii), а во другата вистинските мајмуни, човеколиките мајмуни и луѓето(Anthropoidea). Во потесна смисла, терминот „мајмун“ би се однесувал за вистинските и човеколиките мајмуни (но не е грешно и ако се вклучат полумајмуните, бидејќи самиот термин не е монофилетска група). Во поширока смисла на зборот, мајмун би бил термин за кој било вид на примат, освен човекот и неговите непосредни претци.
Риби
Рибите (лат. Pisces) се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби: примитивните безвилични риби, или Agnatha;‘рскавичните (ајкуловидни) риби, или Chondrichthyes; и коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски карактеристики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничко еволутивнопотекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните 'рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижи хордати; копнените 'рбетници еволуирале од рибите.
Папагаловидни
Папагаловидни (науч. Psittaciformes) — ред на птици од јужните краишта на светот. Постојат околу 360 видови папагали. Меѓу нив спаѓаат: ара-папагалите, какадуата, нимфите, малите долгоопашести папагали (тигрици). Ги има во голем број во сите тропски и суптропски подрачја на двете полутопки, особено во тамошните шуми. Големината им се движи од 10 см (папагал тигрица) до 0,8 м (ара). Тешки се од 10 до 850 гр. Животниот век им се движи од десетина (папагал-тигрица) до 80 години (ара). По спарувањето, арата, тигрицата и другите папагали остануваат со својот партнер до крајот на животот. Женката несе од 2 до 8 јајца, зависно од видот, најчесто во дупка во некое дрво или каде било во природата. Квачењето трае од 18 до 30 дена, во зависност од видот.

Зајак
Зајакот-дупкар спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во фамилијата зајаци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антартикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 цм и тежина од 2 кг. Живее од 3 до 6 години. По едномесечен период на носење, женката раѓа 2 до 7 малечки, 4 до 5 пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкар е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје, кора од дрвја. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.

Маче
Subscribe to:
Posts (Atom)