Обичната мачка (латински: Felis silvestris catus или латински: Felis catus) е најраспространетиот вид од фамилијата мачки - (Felidae): како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации, феромон и видови говор на тело закомуникација, како мјаукање, предење, `ржење и сл.
No comments:
Post a Comment