Wednesday, September 30, 2015

Папагаловидни

Папагаловидни (науч. Psittaciformes) — ред на птици од јужните краишта на светот. Постојат околу 360 видови папагали. Меѓу нив спаѓаат: ара-папагалите, какадуата, нимфите, малите долгоопашести папагали (тигрици). Ги има во голем број во сите тропски и суптропски подрачја на двете полутопки, особено во тамошните шуми. Големината им се движи од 10 см (папагал тигрица) до 0,8 м (ара). Тешки се од 10 до 850 гр. Животниот век им се движи од десетина (папагал-тигрица) до 80 години (ара). По спарувањето, арата, тигрицата и другите папагали остануваат со својот партнер до крајот на животот. Женката несе од 2 до 8 јајца, зависно од видот, најчесто во дупка во некое дрво или каде било во природата. Квачењето трае од 18 до 30 дена, во зависност од видот.Image result for papagaliImage result for papagaliImage result for papagali

No comments:

Post a Comment