Wednesday, September 30, 2015
Зајак
Зајакот-дупкар спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во фамилијата зајаци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антартикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 цм и тежина од 2 кг. Живее од 3 до 6 години. По едномесечен период на носење, женката раѓа 2 до 7 малечки, 4 до 5 пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкар е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје, кора од дрвја. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.

Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment